На денешната прес-конференција на која Вардар го потврди заминувањето на претседателот Михајло Михајловски и именувањето на Борко Ристовски за извршен директор, а Стојанче Стоилов за помошник тренер (ТУКА) беше и потврдено дека Дејан Манасков повеќе нема да го носи црвено-црниот дрес.
Во тимот од поискусните ракометари ќе останат голманот Мартин Томовски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дејан Манасков нема да биде во Вардар во новата сезона. На негово место е доведен Марко Срдановиќ“, потврди Ристовски.
Ќе потсетиме, Вардар сезонава доби дозвола од ЕХФ за враќање во Европа, но во квалификациите за Лигата на Европа ќе мора да се соочи со германскиот освојувач на купот, Дејан Манасков.