Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен кариерата би можел да ја продолжи во италијанската Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесуваат медиумите од Апенините, Лацио покажува сериозен интерес за ангажирање на 30-годишниот дефанзивец на Ливерпул, кој ќе се обиде да го донесе уште во летниот преоден рок.
Ловрен не е прв избор кај Јирген Клоп. Иако има уште една година од договорот, извесно е дека ќе го напушти Енфилд, а останува да видиме дали римскиот клуб на крајот ќе успее да го реализира трансферот.
Хрватскиот фудбалер и претходно се поврзуваше со трансфер во Серија А. Наводно, претходната сезона беше блиску до Милан и Рома, но на крајот до договор не дојде.
Покрај Лацио, интерес за дефанзивецот покажуваат Тотенхем, Лион и Арсенал.