Дејан Георгиевски кој летово испиша историја и освои сребро на Летните Олимписки игри во Токио е избран за спортист на годината во изборот на Агенцијата за млади и спорт.
На вчерашната церемонија во Македонскиот Народен Театар Георгиевски го доби признанието за своето големо остварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Георгиевски победи во конкуренција на петмината номинирани: Димитар Георгиев, Емил Павлов, Могамедгаџи Нуров и Елиф Елмас.
Најдобра спортистка е фитнес и бодибилдерката Мери Акиевска, која освои злато во апсолутна категорија на СП во Санта Сузана.
Ракометарката Ива Младеновска во женска и Столе Смилковски во машка конкуренција се најдобри млади спортисти за оваа 2021 година.