Роџер Федерер после АТП турнирот во Ротердам повторно се врати на врвот на АТП листата.
Меѓутоа еден од најдобрите тенисер во историјата нема намера тука да застане, овие денови тој се натпреварува на Индијан Велс каде што го очекува меч против Французинот Чарди во кој е апсолутен фаворит.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тенисерот кој наскоро ќе наполни 37 години во текот на кариерата заработи повеќе од 100 милиони долари и сигурно е еден од најбогатите спортисти во светот.
Сепак и покрај тоа Федерер покажа дека цврсто стои на земја. Имено, тој е одлучен во намерата да ги научи неговите деца на работни навики. Федерер во текот на Индијан Велс откри дека неговите ќерки кои имаат осум години продаваат лимонда.
„Да, тоа им е забавно, а и мораат да знаат дека парите не паѓаат од небото. Во еден ден заработија дури 70 долари. Соседите се великодушни кога ќе видат дека тоа го прават деца“, изјави Федерер кој со својата сопруга има четири деца. Блицнаци Мајла и Шарлен (8) и близнаците Леа и Ленија (3).
Без сомневање голем шампион на секое поле.