Судијата Славко Винчиќ е главна тема во фудбалската јавност затоа што од Барселона сметаат дека жестоко ги оштетил со своите одлуки во вчерашниот натпревар против Интер.
Интер пред своите навивачи успеа да дојде до голема победа против Барселона, единствениот гол на натпреварот го постигна Хакан Чалханоглу во судиското продолжение од првото полувреме.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа она за што најмногу се пишува по мечот се одлуките на Винчиќ на штета на Барселона. Во каталонскиот клуб сметаат дека им е нанесена голема неправда во вчерашниот натпревар. Првиот спорен момент се случи во 67. минута кога беше поништен голот на Педри после играњето со рака на Ансу Фати – еве и што кажува правилото на ФИФА за таа ситуација (ТУКА).
Она што посебно ги шокираше Каталонците е ситуацијата од 92. минута. Дамфрис играше со рака и фудбалерите на Барселона бараа пенал, но Винчиќ не отиде ниту да ја гледа ВАР снимката.
После натпреварот дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија го прашал Винчиќ зошто не досудил пенал и зошто не ја гледал ВАР снимката. Неговото објаснување било малку чудно.
„Дојдов до главниот судија да го прашам во што е проблемот. Тој ми кажа дека не се гледа јасно дали Дензел Дамфрис игра со рака. Го прашав зошто не оди сам да ја погледне снимката, а тој ми повтори дека не се сигурни дали станува збор за играње со рака. Невозможно е така да донесоа одлука“, изјави Гарсија.