Иако беше планиран како важен дел во проектот на новата Рома под водство на Даниеле Де Роси, Аргентинецот, Паоло Дибала како што стојат работите ќе го напушти Рим ова лето.
Дибала за договор на три години ќе добие договор од дури 65 милиони евра со одредени бонуси и тоа понуда која тешко се одбива на 40 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мауро Чето, шефот на скаутинг службата на Ал Кадсија верува дека се наскоро ќе биде официјализирано.
„Детали не делат од завршување на трансферот на Дибала. Меѓутоа се уште не можеме да кажеме дека е официјално“, изјави Чето.
Кога е замената на Дибала во Рома во прашање се споменува Федерико Киеза од Јувентус.