Дома Трансфер зона Деталите од мајсторијата на Лапорта – нов пар бекови и заработка од 14 милиони евра!

Деталите од мајсторијата на Лапорта – нов пар бекови и заработка од 14 милиони евра!

Eктор Белерин и Маркос Алонсо се нови фудбалери на Барселона, додека Пјер-Емерик Обамејанг е на пат за Лондон каде што ќе потпише договор со Челзи.

Белерин го раскинал договорот со Арсенал, ова го потврдија си реномирани извори на Островот. Шпанецот во Барселона ќе игра за минимална плата од три милиони евра, но затоа сака наредното лето да биде слободен и повторно да одлучува за својата иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белерин ќе биде бек во ротација, затоа што тука се Серхи Роберто и Жил Кунде кој одлично се снајде покрај десната аут линија на дебито со Ваљадолид.

Тука не е крајот, затоа што пристигнува и Маркос Алонсо. Него го чека договор 2+1, а Барса нема да ја чини ништо. Попрецизно, Барса и Челзи реализираа трампа според која Обамејанг заврши во Лондон, додека Каталонците го добија Алонсо и 14 милиони евра.

Барселона тие 14 милиони евра ќе ги инкасира „чисто“ затоа што Обамејанг пред само шест месеци пристигна бесплатно откако го раскина договорот со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…