Дома Македонски спорт Мак фудбал Дестани: Со достоинство и чест да го пречекаме Тотенхем!

Дестани: Со достоинство и чест да го пречекаме Тотенхем!

Tимот на Шкендија вчера успеа да го елиминира Ботошани во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол на натпреварот го постигна Бесарт Ибраими на самиот старт од натпреварот кога со маестрален лоб удар го матираше голманот Ботошани.

Со таа победа Шкендија се избори за натпревар во Скопје со англискиот гигант Жозе Мурињо. По победата на Шкендија сопственикот на клубот Љазим Дестани испрати порака преку социјалните мрежи.

„Честитки Шкендија! Победата во Романија ни донесе голема радост и се надевам дека на ваков ритам и ваква игра и во следното коло. Ајде со достоинство и чест да го пречекаме Тотенхем во Скопје“, напиша Дестани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …