Дома Фудбал Англија Дерби за старт на годината: „Чавките“ го напаѓаат Енфилд

Дерби за старт на годината: „Чавките“ го напаѓаат Енфилд

Новата година традиционално започнува со премиерлигашки фудбал, а оваа година на програмата имаме големо дерби помеѓу Ливерпул и Њукасл.

Ливерпул може да се зацврсти на врвот

Ливерпул минатата сезона играше лошо и остана надвор од Топ 4, но оваа сезона се врати во полн сјај и е во самиот врв на табелата, па сигурно ќе се бори за титулата во Премиер лигата. Тимот моментално е во добра форма, но овој меч е шанса Клоп да се зацврсти на лидерското место после поразот на Арсенал. Со победа на овој меч „црвените“ ќе имаат пет бода предност пред Арсенал и Сити и поради тоа овој меч е од исклучителн значење. Домашниот терен секако ќе биде голема предност, а добро за „црвените“ е што противникот во моментов е во многу лоша форма. Ливерпул на последните пет меча има три победи и две ремија, а по традиција добро ја започнува новата година.

Њукасл во многу слаба форма


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл минатата сезона направи голем исчекор и заврши во Топ 4, па после долги години се врати во Лигата на шампионите. Од овој тим оваа сезона се очекуваше да го задржи тој стандарт, но изгледа играњето во два фронта ја зема енергијата, па „чавките“ немаат резултати во Премиер лигата какви што се очекуваше. Играат топло-ладно и на последните пет меча имаат четори порази и само една победа, па моментално се на 9-то место на табелата. Сепак, најболен беше последниот пораз дома од Нотингем Форест, кој само даде потврда дека тимот е во многу лоша форма. Сега следи гостување кај лидерот и тоа во најлош момент. „Чавките“ сигурно нема лесно да се предадат и ќе се обидат да останат непоразена за да не се оддалечат дополнително од Топ 4. Од почетокот на сезоната тренерот Еди Хау имаше многу проблеми со повредени фудбалери, но полека ситуацијата со повредите се поправа.

Очекување

Формата и традицијата се на страната на домаќинот, кој е голем фаворит, но Њукасл нема лесно да се предаде. Нивните натпревари по традиција се богати со голови, па очекуваме така да биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…