Дома Фудбал Италија Дерби во Копа Италија: Јувентус гостува кај Интер!

Дерби во Копа Италија: Јувентус гостува кај Интер!

Првиот натпревар од полуфиналето на италијанскиот Куп ни носи големо дерби каде што силата ќе ја мерат Интер и Јувентус. Овој натпревар закажан за вечер во 20:45.

Интер: Фантастични партии во последно време

Нероазурите и оваа сезона имаат само една цел, а тоа е секако освојување на Скудето на кое што овој тим чека уште од 2010 година која беше и најтрофејна во историјата на овој италијански клуб. Во минатото коло во Серија А интер изигра одличен натпревар каде што го декласираше Беневенто, а до овој дел во Купот стигна преку градскиот ривал победувајќи го со 2-1 и покрај тоа што имаа негатива од 0-1 во првото полувреме. Кога се во прашање натпреварите на домашен терен, Интер изигра десет дуели како домаќин каде што оствари осум победи, едно реми и еден пораз.

Јувентус: Конечно се разбуди Старата Дама!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус се повеќекратни шампиони на Италија и сигурно е дека и овој пат тоа е примарна цел и покрај тоа што приоритет има натпреварувањето во ЛШ каде што го освоија првото место во групата пред Барселона. Кога сме веќе кај ова натпреварување, посебно треба да се напомне податокот дека славеа на гостувањето кај Барселона со резултат од убедливи 0-3. Рака на срце, оваа година не започнаа баш најдобро во првенстовото, но како што изминува времето тие се се подобри и подобри. Во минатото коло славеа на тешкото гостување против Сампдорија со 0-22, па во добро расположение влегуваат на овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …