Драматичниот крај на „Дербито на Италија“ ги означи и почетокот на полемиките на Апенините, а главното прашање е: Дали Спалети е најголем губитник во овој натпревар?
На искусниот стратег најмногу му се замерува фактот што во последните минути, при резултат 2:1 за Интер, го изваде од игра Икарди, а на негово место го стави Сантон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Колку на Икарди тешко му падна замената, најдобро говори и снимката на која се гледа дека Аргентинецот плаче додека го напушта теренот.
„Во моментот кога Икарди ми соопшти дека има проблеми со повредата, дека повторно чувствува болка, требаше да се заврши уште доста работа на теренот. Особено на дефанзивен план. Во задржување на структурата на играта, и бранењето на корнерите“, образложи Спалети по натпреварот.
По излегувањето на Икарди Интер прими два гола и на крајот загуби со 3:2, а тоа воопшто не и се допадна и на Ванда Нара која директно го нападна Спалети.
„Неверојатна победа на Јувентус против Интер 3:2. Зошто тренерот на Интер го извади Икарди од игра на пет минути пред крајот? Поради начинот на играта и присуство на теренот, Мауро е клучниот играч во домашната екипа. После неговото излегување, Јуве даде два гола за две минути“, напиша сопругата на Икарди.