Холанѓанецот Мемфис Депај беше промовиран во нов фудбалер на Барселона.
Депај во Каталонија пристигна без оштета затоа што претходно му истече договорот со Лион каде што играше четири ипол години. Со Барселона потпиша договор до летото 2023 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чест ми е што сум тука. Уште како мал сонував за вакво нешто. Сакам да се заблагодарам на претседателот, членовите на одборот и мојот тим што ми овозможија да бидам тука. Во детството мојот дедо ми поклони дрес од Барселона и веруваше дека еден ќе заиграм за нив. Сега тој сон се оствари“, истакна 27 годишниот фудбалер.
Депај е четврто засилување за тимот на Роналд Куман. Претходно пристигнаа Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Емерсон Ројал.