Откако денес менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп го продолжи договорот договорот до 2024 година, клубот објави дека Џејмс Милнер ставил потпис на договорот до 2022 година.
Искусниот 33-годишен играч за врска ја продолжи верноста со Ливерпул, па во црвениот дрес ќе го гледаме и во наредните три години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милнер досега одигра 198 меча за клубот, а притоа постигна 25 голови и е една од најважните фигури во тимот на Клоп.
„Среќен сум што имам привилегија да играм за овој голем клуб и да видам како Ливерпул се менува кон подобро во изминатите години. Уживам секој ден во тренинзите, во дружењето со моите соиграчи, со овој тренер и целиот стручен штаб. Разговаравме со клубот кој ми понуди и понатаму да играм во најдобрата лига, а јас ќе дадам се од себе додека можам“, истакна Милнер.
This Friday just keeps getting better! ??@JamesMilner has signed a new contract extension! ? pic.twitter.com/SIKtuPg4N5
— Liverpool FC (@LFC) December 13, 2019