Aндонин Паненка не можеше ниту да претпостави во 1976 година дека на тој начин ќе го запише своето име во историјата на фудбалот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На денешен ден пред 44 години во натпреварот помеѓу Западна Германија и Чехословачка на стадионот на Црвена Звезда настана најпознатиот пенал во светот – паненка!
Овој шут кој бара и тоа како техничка поткованост тогаш премиерно беше изведен на „Мараканa“ и го доби името по човекот кој го измисли, репрезентативецот на Чехословачка Андонин Паненка.
Имено, Германија и Чехословачка во финалето на Купот на Нации пред околу 30.000 навивачи одиграа без победник после 90 минути (2:2). И тоа откако Германците губеа со 2:0, за потоа во 89. минута да дојдат до изедначување.
Следуваа прдоолженија во кои немаше голови. Во пенал серијата при резултат 3:3 во четвртата серија Ули Хенес шутираше над голот. Топката на белата точка тогаш ја намести Паненка, а останатото е историја.