Дома Фудбал Германија Денес игра во Баерн, а пред година ипол за него во неговата земја ретко кој знаел

Денес игра во Баерн, а пред година ипол за него во неговата земја ретко кој знаел

Баерн Минхен ова лето не доведе многу засилувања, но едно од ретките кое пристигна во редовите на шампионот на Германија беше Лукас Ернандез.

Баварците искешираа 80 милиони евра на Атлетико Мадрид за 23 годишниот Французин. Вакво нешто тешко дека некој очекуваше пред Светското првенство кое се одржа минатата година во Русија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што кажува самиот Ернандез, пред година ипол за него во Франција никој не знаел.

„Пред година ипол никој не знаеше за мене во Франција, никој не помислуваше дека за мене некој клуб ќе плати 80 милиони евра“, изјави Ернандез, а потоа објасни зошто направил трансфер во Баерн.

„Долго време бев во Мадрид и барав нешто повеќе. Сакав нова култура, нов начин на размислување“, објасни Французинот.

Ернандез за Атлетико одигра 110 натпревари и постигна еден гол, а оваа сезона за Баерн играше на две од трите натпревари на овој клуб во Бундес лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…