Дома Фудбал Репрезентации Денес е направен голем чекор за одржување на Светско или Европско првенство на Балканот!

Денес е направен голем чекор за одржување на Светско или Европско првенство на Балканот!

Можноста за одржување на Светско или Европско првенство на Балканот станува се пореална, денес е направен еден голем чекор на тој пат.

Грција, Романија, Бугарија и Србија денес потпишаа меморандум кој претставува рамка за поднесување кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 или Светското првенство две години подоцна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Состанокот беше одржан во Солун, а иницијалниот комитет беше составен од по четири претставници од секоја земја, односно министрите за спорт и нивните заменици, едно службено лице и двајцата претставници на фудбалските сојузи.

Како што сега стојат работите иницијалниот комитет ќе се сретнува два пати годишно, а дококу има потреба и повеќе пати.

Европското првенство во 2020 ќе биде одржано ширум Европа во десет различни градови, додека Катар е домаќин на наредното Светско првенство кое ќе се одржи во 2022 година. Континенталниот европски собир во 2024 година ќе се игра во Германија, додека Светското првенство две години подоцна беше одлучено да го организираат САД, Канада и Мексико.

Балканот се надева дека после овие големи турнири ќе следува и одржување на еден (светското или европското) голем турнири на овие простори што секако е голема можност за напредокот на фудбалот.

Она што е сигурно за да се добие домаќинство ќе мора да се реконструираат сегашните стадиони во споменатите четири држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…