Европското фудбалско првенство, 17-то по ред, започнува во Минхен со натпреварот меѓу Германија и Шкотска, кој се игра денеска од 21 часот, а ќе трае до 14 јули, за кога е планирано финалето на Олимпискиот стадион во Берлин.
Италија е бранител на титулата. Во претходното издание ја победија Англија во финалето по изведување пенали.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На турнирот ќе учествуваат 24 екипи поделени во шест групи. Ќе се одиграат вкупно 51 натпревар.
Ready for EURO 2024! 🤩#EURO2024 pic.twitter.com/Fb7WEdgJff
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) March 26, 2024
Двете првопласирани од секоја група заедно со четирите најдобри третопласирани селекции ќе се пласираат во осминафиналето.
Хрватска ќе биде првата селекција од регионот што ќе игра против Шпанија во сабота од 18 часот.
Словенија во недела од 18 часот игра против Данска, а истиот ден од 21 часот Србија ќе игра против Англија.
Меѓу првите фаворити се Франција, Германија, Англија, Португалија и Шпанија.
Португалија е единствената репрезентација која победи на сите натпревари во текот на квалификациската фаза, додека Франција и Англија беа непоразени, а Шпанија загуби само еден натпревар.
Германија исто така важи за еден од домашните фаворити и покрај тоа што имаше разочарувачки настап на Светското првенство во 2022 година.
Наградниот фонд е непроменет во однос на претходниот континентален турнир, а УЕФА распределува вкупно 331 милион евра.
Секоја репрезентација само со пласман на ЕП ќе заработи по 9,25 милиони евра.
Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион доколку ги оствари сите три победи во групата е 28,25 милиони евра.