Дома Останати Кошарка НБА Денвер го врати „брејкот“ против Портланд, Јокиќ учествуваше со трипл дбал (ВИДЕО)

Денвер го врати „брејкот“ против Портланд, Јокиќ учествуваше со трипл дбал (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Наџентс како гости славеа против Портланд со 116:112 и така изедначија на 2:2 во серијата.

Сите очекуваа Портланд пред своите навивачи да дојде до уште една победа и да биде на чекор од конференциско финале, но Денвер успеа да го врати брејкот и да изедначи на 2:2.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од самиот почеток гледавме изедначена кошеркар, а нешто подобар беше Портланд кој после првото полувреме имаше предност од шест поени (63:57).

Меѓутоа пресудна беше третата четвртина кога домаќините доживеаа неверојатен пад. Денвер го контролираше натпреварот во целост и им дозволи на кошаркарите на Портланд да постигнат само 14 поени.

Денвер во третата четвртина постигна 27 поени и имаше седум поени предност 84:77. Во последната четвртина гостите само ја одржуваа предноста, иако Портланд на момненти се закануваше дека може да дојде до пресвт.

На крајот домаќините немаа сили за такво нешто, Денвер победи со 116:112 и изедначи на 2:2 во оваа серија.

Најефикасен кај гостите беше Мареј со 34 поени, додека Јокиќ уфрли 21 и додаде уште 12 скокови и 11 асистенции. Кај домаќините се истакна Мекколум со 29 и Лилард кој додаде 28.

https://www.youtube.com/watch?v=gGsXHighpHE

На 2:2 во серијата изедначи и Торонто кој на гости ја победи Филаделфија со 101:96. Рапторси до победата ги предводеше неверојатниот Леонард со 39 поени, кај Филаделфија се истакна Батлер со 29 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=0rkz5UUb0Ak

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…