Кристијан Ромеро од наредната сезона ќе игра во Тотенхем, па во Аталанта се во потрага по негова замена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации, Џампјеро Гасперини побарал од раководството да се обидат да му го доведат Мерих Демирал од Јувентус.
Демирал преговараше со Борусија Дортмунд, меѓутоа изгледа дека неговата желба е да остане во Италија. Аталанта е одличен клуб, а сигурно дека би добил и минутажа па затоа може да биде добра опција.
Во Јувентус Демирал тешко ќе дојде до посериозна минутажа покрај Киелини, Бонучи и Де Лихт.