Дома Фудбал Дембеле утринава дошол сам да тренира, но луѓето од клубот го испратиле дома

Дембеле утринава дошол сам да тренира, но луѓето од клубот го испратиле дома

Осман Дембеле веќе неколку недели се наоѓа надвор од теренот поради проблеми со повредата.

Дембеле пропушти неколку натпревари, но навивачите се надеваат дека ќе биде спремен до среда, односно до натпреварот против Реал Мадрид. Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека младиот француски играч се опоравил од повредата, но дека сега има некои други проблеми.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Дембеле сега има проблеми со грипот поради што не тренираше претходните неколку дена, но очигледно дека има голема желба да биде подготвен за натпреварот со „Кралевите“. Дембеле утринава ги изненадил сите кога се појавил на тренингот со желба сам да тренира.

Меѓутоа, во тренинг центарот на Барселона биле луѓето од клубот кои виделе дека Дембеле не е во добра состојба. Настинката ја исцрила сета енергија од него и на крајот луѓето од клубот не го пуштиле да тренира и го испратиле дома, иако тој се спротиставувал на тоа.

Дембеле дошол со повисока температура, но им рекол дека ќе направи се за утре да се појави на тренингот и да биде во конкуренција за натпреварот со Реал Мадрид иако за тоа шансите се мали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…