Дома Фудбал Дембеле размислува да остане, Барса чека тој да го направи првиот чекор

Дембеле размислува да остане, Барса чека тој да го направи првиот чекор

Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.

Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот.

Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа. Раководството се сомнева дека тој веќе има договор со друг клуб и сака да си замине како слободен играч.

Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона.

Тој останал пријатно изненаден од односот кој го има Чави кон него и сега сериозно размислува да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото блескаше под кошевите, синот е пред фудбалски повик од БиХ

Давид Сесар, 18-годишниот дефанзивец на Лучко и син на Јосип Сесар, го привлече вниманието…