Преговорите помеѓу Барселона и Осман Дембеле за евентуален нов договор се запрени, пренесува каталонски „Спорт“.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.
25-годишниот крилен напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, а ПСЖ ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Дембеле остави одличен впечаток оваа сезона и ПСЖ е спремен да ја плати откупната клаузула.