Дома Фудбал „Дембеле може да блесне во ПЛ, Јунајтед е заинтересиран“

„Дембеле може да блесне во ПЛ, Јунајтед е заинтересиран“

Легендарниот бразилски фудбалер Витор Барбоса Ривалдо смета дека Осман Дембеле добро би се снашол во Премиер лигата.

Прва желба на Манчестер Јунајтед е играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, а Дембеле токму од Борусија премина во Барселона во која не игра на нивото на кое се очекува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мислам дека постои шанса да го видиме Дембеле против Баерн. Тој би можел да биде џокерот на Барса, да влезе од клупата и да го реши натпреварот“.

„Постојат гласини дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но додека е тука тренерот би требало да го користи. Постојат гласини дека Јунајтед е заинтересиран откако се искомплицираа преговорите со Борусија околу Санчо. Дембеле би можел да биде добра опција за Јунајтед, многу е брз и талентиран. Верувам дека во Премиер лигата може да блесне“, додаде Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…