Усман Дембеле силно ја потресе Барселона со одлуката кариерата да ја продолжи во ПСЖ бидејќи не очекуваа вакво предавство од Французинот.
Сепак, изгледа дека Жоан Лапорта и компанија брзо се опоравија бидејќи шпанските медиуми пишуваат дека подготвуваат вистинска „бомба“ на крајот од летниот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чави Ернандез го спаси Дембеле кога сите сакаа да го избркаат од Барселона пред една година, но тој му даде шанса, поради што Французинот на крајот успеа да добие нов договор и да остане во каталонскиот клуб.
Но, само неколку дена подоцна, Дембеле го шокираше клубот. Тој ја прифати понудата од ПСЖ, кој реши да ја активира неговата откупна клаузула од 50 милиони евра, а до крајот на неделата тој трансфер ќе биде официјализиран.
Сепак, Лапорта е свесен дека сега мора да возврати и да покаже дека Барселона сепак може да донесе големи засилувања.
На Барселона и требаат засилувања на бековските позиции, но и замена за Дембеле. Како што пишуваат шпанските медиуми, Лапорта би можел се да реши во еден потег бидејќи подготвува вистинска „бомба“.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона започнала преговори со Манчестер Сити и дека сака да го доведе Жоао Кансело. Самиот Португалец даде зелено светло за тој трансфер, и се согласи на значително помала плата само за да дојде во Барселона.
Неговиот агент Мендеш веќе преговара со Барселона и им порача дека е многу можно Кансело од Сити да дојде во каталонскиот клуб.
Според се, Кансело би пристигнал на позајмица до крајот на сезоната, а Барселона следното лето би морала да го откупи неговиот договор за сума што ја договориле клубовите.
Така Кансело би го решил проблемот со десниот бек кој Барса го има со години, а познато е дека исто толку добро игра и на лев бек. Но, она што е голем плус е тоа што Чави би можел да го искористи поофанзивно на крилните позиции.
Заминувањето на Дембеле отвора можност за доаѓање на Кансело, а најголема желба и понатаму е Бернардо Силва, но неговиот трансфер моментално изгледа како невозможна мисија.
Joao Cancelo is willing to take a pay cut to join Barça. He is motivated to join a club as big as Barcelona.
— Johnson Kingsley (@KezysmithDigita) August 2, 2023
— @mundodeportivo pic.twitter.com/tkiPOnetxl
🚨 Barcelona are in talks with #MCFC over a deal for Joao Cancelo. 🔴🔵#Barcelona #Cancelo #ManCity
— Transfer Wire (@transferwirehub) August 2, 2023
Source: @footballespana_ pic.twitter.com/qY68tT6aGp