Дома Тенис Дел Потро и Зверев со пласман во полуфиналето во Акапулко

Дел Потро и Зверев со пласман во полуфиналето во Акапулко

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро се пласираше во полуфиналето на турнирот во Акапулко, бидејќи рано утринава славеше над Доминик Тим со 6:2 и 7:6.

Ова беше четврти меч помеѓу овие двајца тенисери, а Аргентинецот ја запиша и четвртата победа.

Дел Потро за финалето ќе се бори против Германецот, Александар Зверев, кој во четвртфиналето беше подобар од американскиот тенисер, Рајан Харисон со 6:4 и 6:1.

Во второто полуфинале ќе играат пак, Кевин Андерсон и Џаред Доналдсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Прлаиновиќ играл со три лични грешки, но победата на Раднички останува!

Европската организација за водени спортови го призна пропустот во последните 57 секунди пр…