Дома Трансфер зона Делофеу се враќа во Премиер лигата?

Делофеу се враќа во Премиер лигата?

Шпанецот Жерар Делофеу во еден период важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот, му се предвидуваше голема кариера, но сепак не ги исполни очекувањата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако ја напушти Барселона играше во Премиер лигата за Евертон и Вотфорд, кратко беше дел и од Милан. Во овој момент тој е соиграч на македонскиот напаѓач Илија Несторовски во Удинезе.

Сега се појавија најави дека Делофеу би можел да се врати на Островот во редовите на Вест Хем. Наводно, премиерлигашот е спремен за услугите на Делофеу да понуди два ипол милиони фунти.

Во клубот веруваат дека Делофеу може да донесе квалитет и искуство, покрај тоа и откупната цена не е висока за стандардите во Премиер лигата. Сезонава Делофеу одигра 22 натпревари за Удинезе и постигна седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…