Дома Фудбал Останато Делофеу: Роналдињо беше подобар играч од Меси

Делофеу: Роналдињо беше подобар играч од Меси

Прашањето кој е најдобар фудбалер во историјата тешко дека некогаш ќе биде затворено, а сега на таа тема зборуваше Жерар Делофеу.

Делофеу е поранешен соиграч на Меси од Барселона па многумина можеби очекуваа да даде одговор дека Аргентинецот е најдобриот на сите времиња. Сепак, не е така за Делофеу најдобар е Роналдињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За мене Роналдињо е најдобар играч во историјата. Го запознав. Одев на натпревари на „Камп Ноу“ и тој седеше покрај мене. Прекрасно искуство. Беше подобар играч од Меси“, изјави Делофеу.

Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, а потоа се пресели во Европа во ПСЖ. Најблескавите моменти во клупската кариера ги помина во Барселона со која ја освои и Лигата на шампионите. Во кариерата успеа да ги обедени трите најголеми титули Светско првенство, Лига на шампиони и Копа Либертадорес, така влезе во малиот круг на фудбалери кои ги обединиле тие три трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…