Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Барса со критики за Куман: Од него ништо не научив

Поранешниот играч на Барса со критики за Куман: Од него ништо не научив

Роналд Куман го напушти кормилото на репрезентацијата на Холандија и ја превзема Барселона каде што кон средината на 90-тите години настапуваше како фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жерер Делофеу играше под водство на Куман во Евертон и изгледа дека Шпанецот не го цени баш премногу холандскиот стратег.

„Од своето лично искуство со Куман можам да ви кажам многу малку. Не ме научи ништо. Не сум задоволен, барав да заминам и заминав во Милан. Ќе видиме како ќе му оди на „Камп Ноу“, изјави Делофеу.

Делофеу ја критикуваше и Барселона.

„Ситуацијата во Барселона навистина не ме интересира. Можам да кажам дека не ја користат „Ла Масија“ веќе со години. Многумина излеговме од таа школа, но клубот немаше трпение. Сега ќе има промени, но веќе заостануваат неколку години“, порача Делофеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино после дебаклот: Јас сум главниот виновник

Фудбалерите на САД беа елиминирани од Светското првенство откако во осминафиналето загубиј…