Дома Фудбал Англија Снимка од друг агол: Деле Али додека беснееше со копачката ќе погодеше соиграч (ВИДЕО)

Снимка од друг агол: Деле Али додека беснееше со копачката ќе погодеше соиграч (ВИДЕО)

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али ги загуби нервите откако менаџерот Жозе Мурињо одлучи да го замени во натпреварот против Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативецот на Англија беше видно незадоволен од одлуката на Мурињо, а кога дојде на клупата почна да фрла се околу себе.

Прво шишето со вода нервозно го фрли на земја, но не застана тука. При соблекување на копачките реагираше нервозно и за малку со едната ќе го погодеше соиграчот Фернандес кој седеше во негова близина.

Кога виде дека може да ги повреди луѓето околу себе Али се смири, па другата копачка ја остави смирено.

„Мислам дека беше лут на себе, а не на мене. Игравме подобро кога тој излезе.“ – изјави Мурињо после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана б…