Дома Фудбал Дебито на Роналдо може да се одложи

Дебито на Роналдо може да се одложи

Второто деби на Кристиано Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед може да се одложи за неколку дена, пренесуваат медиумите на Островот.

Се очекуваше Роналдо да дебитира пред домашните навивачи на „Олд Трафорд“ против Њукасл во сабот, но тоа може да се одложи.

Роналдо после обврските со националниот тим ќе се врати во Манчестер на 9-ти септември и ќе одработи само еден тренинг со тимот, а тоа може да биде причина да не дебитира овој викенд.

Најверојатно Роналдо ќе дебитира во првото коло од Лигата на шампиони, на гостувањето против Јанг Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…