Денес во Нион беше одржан ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите, помеѓу оние кои можат да бидат задоволни од противникот е и дебитантот Аталанта.
Аталанта во своето премиерно учество во Лигата на шампионите успеа да се избори за нокаут фаза од втората позиција во групата. Второто мсто во групата значеше дека Аталанта ќе игра со некој од носителите, односно победниците во останатите групи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако, во тој круг имаше екипи како: ПСЖ, Манчестер Сити, Ливерпул, Баерн, Барселона…Аталанта имаше среќа па за противник ја доби Валенсија.
На хартија Валенсија, покрај Лајпциг беше најпосакуваниот противник во Аталанта и во италијанскиот клуб на ова гледаат како подарок за Божиќ.
„Да се биде на ова место беше емотивно. Валенсија е силен тим и пред нас е тежок предизвик. Меѓутоа ги избегнавме гигантите и мораме да бидеме задоволни. Можеме да кажеме дека Валенсија во ждребот беше вистински божиќен подарок. Тие се идеален противник за нас“, изјави првиот човек на Аталанта, Антонио Перкаси.
Јасно, за Аталанта самиот влез како дебитанти во топ 16 е голем успех и се останато ќе биде само плус за тимот од Бергамо.