Времето одминува, но и понатаму се зборува за голот на Црвена Звезда во вечното дерби, дебатата се прошири и во Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За голот на оваа средба сега зборуваше еден од најдобрите судии на сите времиња – Пјерлуиџи Колина.
Италијанецот гостуваше во една емисија, а помеѓу останатото доби прашање дали видел што се случило во српското дерби и што би досудил тој кога би се ставил на местото на Даниел Грујиќ (главниот судија на дербито).
„На снимката јасно се гледа, чуварот на мрежата ја вади топката од половина метро од голот. Доколку јас бев судија, исто така би покажал на центарот“, порача Колина.