Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес доживеа вистински дебакл во натпреварот против Северна Ирска одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Избраницичките на Кирил Изов го добија натпреварот со огромни 0:11. Се беше јасно уште на самиот старт затоа што гостите по 15 минути игра имаа веќе 0:4, а до крајот на полувремето постигнаа дури седум гола. Гостинките имаа и еден промашен пенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На теренот постоеше само една репрезентација се редеа шанси пред голот на Лековска која и забележа по некоја добра интервенција и покрај 11 примени гола. Треба да се спомене дека кај нас недостасуваа некои од најважните фудбалерки како Рочи и Андонова, сепак јасно е дека поразот е преголем.
Ова е најубедливиот пораз на женската фудбалска репрезентација во овој циклус на квалификациите.