Дома Фудбал Репрезентации Два дена после дебаклот на Хрватска се огласи Колинда

Два дена после дебаклот на Хрватска се огласи Колинда

kolinda

Репрезентацијата на Хрватска во натпреварот против Шпанија пред два дена го доживеа најтешкиот пораз во својата историја и тоа само неколку месеци после фантастичниот Мундијал каде што играа во финалето.

Два дена после поразот од 6:0 на репрезентацијата на Хрватска се огласи претседателката на земјата, Колинда Грабар-Китаровиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главата горе момци! Секој од нас може да има лош ден, но вашето сребро нема да избледи во нашите срца. Тоа што го направивте за промоција на Хрватска и радоста која ни ја донесовте, не може да биде променото и засенето. Со вас сме и во победа и во пораз, вие сте гордоста на Хрватска“, напиша Колинда на својот Фејсбук профил.

Ќе потсетиме, Колинда во текот на Светското првенство навиваше за Хрватска во Русија, а после натпреварите се симнуваше во соблекувалната, па стана вистински хит во спортскиот свет

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…