Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер во Милан за 35 милиони евра од Џенова.
Полскиот репрезентативец се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но оваа сезона едноставно се вклопи во сивилото на Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, неговите квалитети се неспорни, па неколку европски гиганти ја следат ситуацијата, а најконкретни се англиските клубови Манчестер Јунајтед и Челзи.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетн напаѓач во јануари, а Пјонтек наводно е најголема желба на Солскјер.
Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ спремил понуда од 50 милиони евра, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.
Челзи исто така внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да го купи напаѓачот во јануари и да го остави на позајмица во Милан до крајот на сезоната.