Жером Боатенг навистина има прекрасна кариера, а во своето резиме би можел да додаде и титула во Премиер лигата.
Имено, во своите редови го сакаат двата најголеми кандидати за освојување на ова натпреварување и следната сезона, извесниот шампион Манчестер Сити и второпласираниот тим во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед. Двата тима во јануари се бореа за потпиост на еден играч, на крајот победи Јунајтед, кој во своите редови го доведе Алексис Санчез од Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Пеп и Мурињо ќе се натпреваруваат околу потписот на Жером Боатенг, кој веќе го носеше дресот на „Граѓаните“ во сезоната 2010/11, кога и го освои трофејот во ФА Купот. Како што пренесуваат англиските медиуми, овој 29-годишен фудбалер за околу 60 милиони евра би требало да го напушти Минхен.
Боатенг имаше и проблеми со повредата оваа сезона, но се врати во тимот и запиша 24 настапи за Баварците, ќе видиме дали ќе се изрази желбата за новиот предизвик во Премиер лигата.