Она што им беше познато на постарите љубители на фудбалот е дека ситуацијата била критична, се зборуваше дека соиграчите помислиле дека починал…За прв пат проговори и самиот Роналдо.
Што се случило пред финалето помеѓу Франција и Бразил? Сведоците зборуваа дека во хотелот се слушале силни викотници, а потоа и плач.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сите знаеа дека во прашање бил Роналдо и дека нешто му се случило, но никој до сега не прозбори во јавноста.
Сега, 20 години подоцна легендарниот фудбалер откри што се случувало, иако прашање е дали раскажа се.
„Никогаш во животот не сум почиствувал такво нешто. После ручекот отидов да си легнам, одеднаш се разбудив и ми беше лошо, веднаш тука беа соиграчите и докторот Толедо. Никој не сакаше да ми каже што се случи’, објаснуваше Роналдо.
Според една верзија, мислиле дека починал и некако го вратиле.
„Знам дека побарав да заминат и да ме остават да спијам, не ми беше добро. Потоа Леонардо во ходникот зборуваше дека докторите нема да ми дозволат да играм во финалето“, открива неверојатниот Бразилец.
Сепак, Роналдо се појави на теренот.
„Сите тестови покажуваа дека немам никаков проблем. Докторите ми зборуваа дека не треба да ризикувам. Пред натпревар им кажав дека морам да играм и дека сум во ред, немаа избор. Така заиграв во финалето, а се што се случи веројатно влијаеше на сите во екипата“, смета Роналдо.
И навистина, Бразил во тоа финале изгледаше како аматерска екипа.