Maкедонскиот фудбалер Даниел Мојсов од следната сезона ќе има нов предизвик.
Од неговиот тим АЕК Ларнака денес објавија дека договорот на Мојсов кој завршува на крајот од сезоната нема да биде продолжен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го цениме и го почитуваме тоа што Мојсов го направи за нашиот клуб. Му посакуваме се најдобро во продолжение од неговата кариера“, соопштија од АЕК.
Мојсов во АЕК помина пет ипол години и во тој период забележа вкупно 146 настапи и постигна пет гола.
Коментари