Португалија оствари драматична победа од 2:1 над Чешка во последниот натпревар од првото коло на Европското првенство.
Чесите водеа од 62. минута, но седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол и ја врати Португалија во игра, а Франциско Консеисао им ги донесе трите бода на избраниците на Роберто Мартинез во 92. минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред победничкиот гол на Португалија, Чешка тргна во напад. Антонин Барак ја испрати топката во просторот за Давид Дудера.
Но, чешкиот играч се судри со Нуна Мендеш, португалскиот дефанзивец и го спречи да тргне по топката. Во следниот напад Португалија постигна гол кој се покажа како победнички.
Nélson Semedo takes out Doudera, no foul given, Portugal score the winning goal
byu/50lipa insoccer
На социјалните мрежи масовно се коментира дека Португалија победи на нефер начин бидејќи Мендеш направи прекршок пред голот. ВАР не се вклучи бидејќи спорната ситуација беше во акцијата која претходеше на акцијата за гол. Дали мислите дека судијата направи грешка?