Дома Топ вести Дали Тијаго Силва го најави трансферот на векот?!

Дали Тијаго Силва го најави трансферот на векот?!

После потврдата од „Најк“, соиграчот на Нејмар од репрезентацијата на Бразил, можеби го најави големиот трансфер…

Како што јавуваат француските медиуми, работата е завршена, во понеделник или вторник Нејмар ќе стане фудбалер на ПСЖ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој денес беше пред новинарите во Мајами, но не сакаше да зборува за трансферот во Париз, иако тоа веројатно на сите им е јасно. Французите ќе платат 222 милиони евра, Бразилецот ќе потпише договор на пет години според кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона, а веднаш добива бонус од 40 поради потпишувањето на договорот.

Трансферот на некој начин го потврди и неговиот „ментор“, Тијаго Силва кој откри дека наскоро ќе се случи нешто за кое сите ќе зборуваат, тоа нешто сите сметаат дека ќе биде најголемиот трансфер во историјата.

Барселона веќе бара замена, Дибала изгледа како солидно решение, но спортскиот директор на Јувентус истакна дека не постои цена за која Дибала би заминал од Торино. Изгледа дека фановите на Барселона ќе мораат да се задоволат со Кутињо од Ливерпул кој е според сите светски медиуми е на чекор од „Ноу Камп“.

Она што е интересно, последен натпревар за Нејмар во дресот на Барселона би можел да биде пријателскиот натпревар против Реал Мадрид кој се игра во недела во Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…