На тимот на Барселона добро и оди во шпанското првенство имаат голема предност во однос на Реал Мадрид, но и покрај тоа имаат намера да се засилуваат.
Фудбалерот на овој клуб Луис Суарез кој не игра баш во најдобра форма ја го поддржа својот клуб во намерата да ги доведе Фелипе Кутињо од Ливерпул и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Барселона секогаш сака да ги доведе најдобрите фудбалери. Гризман и Кутињо секако се на тоа ниво, тие се дел од елитата фудбалери и пред нив секако е блексава кариера“, изјави Ургваецот за каталонското радио „Rac1“.
Покрај тоа Суарез потенцираше дека Французинот би требало да игра во тандем со класична „деветка“ бидејќи тоа е системот кој најмногу му одговара.
Да потсетиме, Барселона веќе подолго време се обидува да го доведе овој тандем, а како најдобар период за да ги ангажира овие две засилувања се истакнува летниот преоден рок.
Сумата која Каталонците се очекува да ја потрошат за Кутињо и Гризман се очекува да биде над 200 милиони евра.