Кристијано Роналдо се врати во првиот тим на Манчестер Јунајтед, меѓутоа тоа не значи дека неговата иднина на „Олд Трафорд“ е сигурна.
И понатаму медиумите на Островот тврдат дека Роналдо инсистира на заминување во јануари. Како негова следна можна дестинација се споменува Спортинг Лисабон каде што ја започна кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквите шпекулации добија на тежина по последната информација која пристигнува од Португалија. Имено, Кристијано Роналдо потрошил 21 милион евра за купување и реновирање на луксузен имот од 2.720 квадратни метри. Куќата која ја купил Португалецот е во близина на Есторил на 50 километри од Лисабон.
„Секако дека сакаме да се врати Кристијано. Сите тука сонуваме за негово враќање“, изјави неодамна стратегот на клубот од Лисабон, Рубен Аморим.
Дали навистина Роналдо може да се врати во Спортинг веќе во јануари времето ќе покаже…