Дома Фудбал Дали пеналот на Меси требаше да биде повторен?

Дали пеналот на Меси требаше да биде повторен?

Aнглиските судии сезонава имаат огромни проблеми со ВАР, а тоа се потврди и во вечерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Барселона кој го суди Ентони Тејлор.

Во судиското продолжение Кејлор Навас одбрани пенал на Меси. Во таа ситуација судиите од ВАР собата Стјуарт Атвел и Пол Тирни направија голем пропуст затоа што пеналот требаше да се повтори.

Имено, при ударот на Меси на работ на полукругот се наоѓаше Марко Верати што според правилата на фудбалската не е дозволено.

Навас стоеше на линијата, но поради прераното влегување на Верати пеналот можеше да биде повторно, сепак Ентони Тејлор и неговите колеги од ВАР собата не донесоа таква одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…