Ерлинг Халанд се појави во Молде, па блесна во Салзбург, а продолжи да ги тресе мрежите и во Борусија Дортмунд токму затоа констатно е во фокусот на медиумите, а од неговото семејство би можел да излезе уште еден страшен голгетер.
Сега во Молде своите почетоци ги има Алберт Тјаланд, 17 годишен братучед на Ерлинг Халанд. Тјаланд се уште нема настап во сениорскиот состав, но бројките во младиските категории ветуваат. На 48 натпревари тој постигна неверојатни 69 гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалските експерти му предвидуваат голема кариера, а за одредени сегменти во играта сметаат дека е повеќе талентиран од Халанд. Во медиумите неговото име веќе се поврзуваше со Ливерпул.
Останува времето да покаже дали Тјаланд ќе ги исполни очекувањата и ќе блесне на европската сцена.