Дома Фудбал Англија Дали Мурињо излажа и избега од прес-конференцијата? (ВИДЕО)

Дали Мурињо излажа и избега од прес-конференцијата? (ВИДЕО)

Toтенхем на Мурињо во последно време не игра баш најдобро и вчера против Бурнемоут освои само бод одигрувајќи 0:0.

Спарси на четири кола пред крајот се на 10 бодови помалку од четвртопласираниот Лестер и јасно е дека наредната сезона нема да ги гледаме во Лигата на шампионите, а прашање е дали можат да стигнат до позициите кои водат во европските натпреварувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо сигурно не очекуваше ваков пад на неговиот тимп, па Португалецот мора да е несреќен поради тоа. Незадоволството го покажа во свој стил на прес-конференцијата после ремито со Бурнемоут.

Португалскиот стратег немаше трпение и штом ги ставил слушалките ја напушти салата за прес: „Здраво Жозе, дали ме слушаш“, праша еден од новинарите (поради пандемијата со Ковид-19 прес-конференциите се одржуваат оналјан).

На неговото прашање Мурињо само кратко одговори „не“ и ја напушти салата.

Или навистина стануваше збор за технички проблем или пак Мурињо пронајде начин да ги избегне новинарските критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…