Играчот за врска на Каљари, Раџа Наинголан беше избран за најдобар фудбалер во Серија А за месец ноември.
Наинголан игра фантастично во дресот на Каљари, а пред неколку дена изјави дека сака да му докаже на Интер, дека погрешил што не смета на него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конте не го сакаше Белгиецот во својот тим, па Интер се обиде да се ослободи од него и го испрати на позајмица во Каљари, а Наинголан беше најдобар фудбалер во лигата овој месец.
„Наинголан е еден од најдодобрите играчи за врска во лигата. Тој си ја врати најдобрата форма во Каљари, клубот кој го доведе во Серија А“, изјави извршниот директор на Серија А, Луиџи де Сиерво.
MVP #SerieATIM – Novembre 2019 ➡️ @OfficialRadja
— Lega Serie A (@SerieA) November 29, 2019
Un mese da gigante. ?#WeAreCalcio pic.twitter.com/1snDw0FfuC