Многу играчи кои денес играат на големата цена имале тешко детство и морале многу рано да се грижат за нивното семејство.
Таква судбина имал Мамаду Сако кој ќе остане запаметен како најмлад капитен во историјата на Лига 1. Сега веќе искусниот стопер на 17 години и 8 месеци беше капитен на ПСЖ, но тоа не е ништо во споредба со она што го искусил четири години подоцна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го изгубив таткото на 13 години. Брзо морав да станам маж. Играњето фудбал за мене не беше опција, туку нешто што морам да го правам. Некој ме праша дали е тешко да се биде капите на ПСЖ на 17 години. За мене најтешко беше да бидам капитен на семејството на 13 години“, раскажа Сако.
Сако во 2013 година го напушти ПСЖ и премина во Ливерпул за 18 милиони фунти. Во последните четири години е член на Кристал Палас.