Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн го одработи денешниот тренениг заедно со соиграчите пред големото дерби против Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Утре Манчестер Сити го дочекува Ливерпул со заостаток од седум бода на табелата, па за „граѓаните“ ова е можеби најважниот натпрвар во сезоната.
На само ден пред големото дерби стигна добра вест за Гаврдиола, бидејќи Де Брујн се врати од повредата и го одработи тренингот со остатокот од тимот.
„Денес тренираше нормално. Се чувствува многу подобро, но утре ќе одлучам дали ќе игра против Ливерпул“, изјави Гвардиола.
Натпреварот Манчестер Сити – Ливерпул на програмата е утре од 21:00 часот, а мечот може да биде клучен за шампионската титула.