Дома Трансфер зона Дали девојката на дефанзивецот на Јуве ја откри неговата следна дестинација? (ФОТО)

Дали девојката на дефанзивецот на Јуве ја откри неговата следна дестинација? (ФОТО)

rugani

На друштвените мрежи може да се пронајдат секакви работи ,па така и „докази“ за трансферите на фудбалерите.

Така девојката на стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани ги подгреа гласините за заминувањето на Ругани од Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ругани во текот на летото на голем осе поврзуваше со Челзи каде што повторно би соработувал со Маурицио Сари кој го тренираше и во Емполи.

Се шпекулираше и дека би можел да заврши во Рома, но и дека Јувентус му спрема нов договор.

Сепак, девојката на Ругани, ТВ водителката, Мишел Персико на Инстаграм објави фотографија која многумина ја протолкуваа како знак дека Ругани се сели во Лондон.

ruganiД

Таа објави фотографија на која може да се види како заедно со Ругани учат англиски, барем тоа може да се заклучи според фотографијата со речникот по англиски јазик.

Интересно, италијанските медиуми го дешифрираа и текстот под рацете на Мишел и наводно се работи за реченица на англиски – „Утре не одам во Лондон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…