Дома Фудбал Лига на шампиони Дали вчера настапот на играчот на Јунајтед беше најлош на еден фудбалер во историјата на ЛШ?

Дали вчера настапот на играчот на Јунајтед беше најлош на еден фудбалер во историјата на ЛШ?

Манчестер Јунајтед вчера доживеа пораз од Барселона со резултат 0:1, а еден од виновниците за овој пораз на „црвените ѓаволи“ е Ешли Јанг кој го одигра можеби и најлошиот натпревар во неговата кариера.

Јанг вчера беше целосно отсустен и правеше многу грешки, доволно зборува податокот дека топката во посед на Барселона ја вратил дури 32 пати.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој фудбалер вчера имаше 11 обиди за нафрлување и сите беа неуспешни бидејќи не пронајде негов соиграч онаму каде што требаше. Точноста на додавањата му беше на слаби 73.3%, сегмент во кој исто така беше најлош од сите поединци.

Покрај тоа мораше даи гра на страната каде што често се менуваа Меси и Суарез, па на крајот 33 годишниот фудбалер имаше вечер за заборав.

Природната позиција на Јанг е на крило, но додека Мурињо беше во Јунајтед од него направи бек и во главно прикажуваше пристојни настапи. Меѓутоа против Барселона не покажа апсолутно ништо, а со тоа ќе се сложуваат и навивачите во на друштвените мрежи.

Не само што ова беа најлошите 90 минути на Јанг во неговата кариера, многумина овој настап на Јанг го прогласија за најлош на некој играч во историјата на Лигата на шампионите.

Сепак, веројатно се ќе биде заборавено во случај Манчестер Јунајтед на „Камп Ноу“ да го сврти конечниот исход на двомечот во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…